Украинскиот селектор задоволен од ждрепката: Посакувавме вакви противници!

Селекторот на украинската репрезентација, Олександр Петраков, изјави дека е задоволен од ждрепката за квалификациите за ЕП 2024. Украина се падна во силна група со Италија, Англија, Македонија и Малта.

„Не се плашиме од никого, ќе даваме максимум на секој натпревар. Мотивацијата ќе ни биде на највисоко ниво, момците сакаа да ни паднат вакви ривали. Малиновски ја сакаше Италија. Ќе се бориме за нашата чест и за задоволство на војската и народот на Украина. Нема предавање. Сакаме само војната да заврши и да играме на наш стадион“ – рече Петраков.

Квалификациите за ЕП се играат од март до ноември следната година, а бидејќи војната во нивната земја е во тек, засега е неизвесно дали Украина ќе игра дома или ќе мора да ги нагости другите селекции некаде на неутрален терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести