Српски репрезентативец е решението за проблемите на Јувентус

Јувентус во зимскиот преоден рок ќе тргне со сите сили по потписот со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пишува „Газета дело спорт“.

Јувентус се наоѓа во резултатска криза, по девет кола во Серија А има само три победи и веќе има 10 бода помалку од лидерот на табелата Наполи. Во Јувентус сметаат дека главен проблем е играта во средниот ред и поради тоа одлучија во зимскиот преоден рок да го донесат еден од најдобрите играчи за врска во Италија во последните години.

Договорот на Милинковиќ-Савиќ истекува идното лето, но претседателот на Лацио сака му го продолжи договорот на српскиот репрезентативец до 2026 година.

Јувентус подготвува понуда тешка околу 60 милиони евра, но ќе мора да чекаат да заврши Мундијалот во Катар, што може да им направи голем проблем доколку Милинковиќ-Савиќ со добри игри за селекцијата на Србија ја подигне цената.

Тогаш преговорите би оделе потешко со Лотито кој е тврд преговарач и кој во минатото одбиваше понуди од Реал Мадрид, ПСЖ и неколку англиски екипи кои исто така беа заинтересирани за Милинковиќ-Савиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести