Голот против Шахтар, Рудигер може да го чини пропуштање на Ел Класико

Само по четири кола, Реал Мадрид обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите откако синоќа освои бод на гостувањето кај Шахтар, играјќи 1:1. Кралскиот клуб се спаси од првиот пораз сезонава благодарение на голот на Антонио Рудигер во 90+5 минута.

Дефанивецот на Реал се најде во нападот и по еден центаршут, успеа со глава да погоди во мрежата на домаќините. Голманот на Шахтар наместо да ја удри топката, го нокаутира Рудигер, кој заработи голема расекотина на главата и почна да му тече многу крв. На крвавиот дрес на Рудигер се појави и едно срце.

По мечот, повредата на Рудигер беше санирана со 20 конци, а тој преку социјалните мрежи најави дека е добро.

„Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен. Добро сум. Ви благодарам на сите за вашите пораки“, напиша Рудигер.

За денеска се закажани дополнителни лекарски прегледи за дефанзивецот на Реал. Кралевите в недела на „Сантијаго Бернабеу“ се домаќини на Барселона во Ел Класико, па останува лекарите да одлучат дали Рудигер ќе биде подготовен за тој дуел или ќе мора да паузира.

 

- Оглас -

Најнови вести