На гостување дојдоа со 22 автобуси, а ниеден навивач не сакаше да влезе на стадион

ПСВ Ајндховен без многу мака со убедливи 5:0 го победи Цирих и холандскиот гигант е многу блиску до пласман во нокаут фазата во Лигата на Европа. За ПСВ ова беше втора убедлива победа над Цирих, откако минатата недела славеше на гости со 5:1.

Пред првиот меч во Швајцарија, навивачите на двата клуба направија нереди во Цирих, а истата слика се повтори и вчера во Ајндховен. Дури 2.000 навивачи на Цирих со 22 автобуси пристигнаа во Ајндховен, но ниту еден од нив не влезе на стадионот.

Швајцарските навивачи решија да не влезат на стадион во знак на протест. Тие протестираа поради бруталноста на холандската полиција неколку часа пред мечот, односно кога и се случија нередите во центарот на градот

https://twitter.com/i/status/1580631984983769090

Сите фанови на Цирих останаа пред стадионот, а нивниот омилен тим на теренот беше немоќен и загуби убедливо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести