Руските тенисери „бегаат“ од татковината и стануваат Казахстанци

Додека украинските спортисти се подготвуваат и учествуваат на натпревари во тешки услови, и со мисли кон дома, Русите се повеќе се соочуваат со забрани за настап и поради тоа поголем дел од размислуваат да настапуваат за други земји.

Руските тенисери иако немаат забрана за настап на турнирите, со исклучок на Вимблдон, голем број претежно помлади тенисери бараат начин да го променат своето државјанство.

Ова го изјави потпретседателот на тениската федерација на Казахстан, Јуриј Полски, кој изјави откри дека повеќе од 30 руски тенисери и тенисерки поднеле барање за промена на пасошот и можност да играат под казахстанско знаме.

До денес имаме повеќе од триесет барања, но овој број секојдневно се зголемува, тоа се претежно деца од 12 години или постари. Има и професионални тенисери и тенисерки кои би сакале да играат за Казахстан.Не може секој, бидејќи ако си играл во руската репрезентација на Дејвис купот или на Били Џин Кинг, не можеш да играш за друга“, рече Полски.

Неодамна Дарија Касаткина изјави дека размислува да аплицира за швајцарско државјанство, а Елена Рибакина, победничката на Вимблдон, одамна стана Казахстан, не поради војната, туку поради немањето поддршка од Тениската федерација на Русија.

Казахстан има неутрален статус во вооружениот конфликт.
Ние сме партнери, има почит и соработка на многу начини. На пример, кога започна војната, им дадовме можност и на Русите и на Украинците да дојдат во Казахстан на обука во нашите објекти. Дојдоа, тренираа и играа на некои турнири. Казахстан отсекогаш бил неутрален. Ние сме за пријателство и мир меѓу земјите“, додаде Полски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести