Екипата на Шкендија славеше со 2:4 на гостувањето кај Работнички во 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тетовските „црвено-црни“ дојдоа до трите бода во дербито иако во последните 20-тина минути играа со двајца играчи помалку, и притоа преку Стојановски во 85. минута успеаја да постигнат гол со кој ја заверија победата.
Работнички поведе во шестата минута со голот на Максимов, но Шкендија направи пресврт благодарение на головите на Шаља и на Стојановски во 49. минута.
Работнички дојде до израмнување во 66. минута преку Јанакиевски, но Шкендија иако во последните 20 минути по искучувањата на Хасани и на Бураку, постигна два гола преку Велија и Стојановски за триумф од 2:4. Со новите три бода, Шкендија е втора со 19 бода , шест помалку од лидерот Струга ТЛ.
Македонија ЃП ја оправда фаворитската улога и со 2:0 го совлада Скопје со головите на Самаке и на Вучичевиќ.
Силекс со пресврт славеше со 2:3 на гостувањето кај Брегалница Штип. Домаќините по првиот дел водеа со 2:1, но кратовци постигнаа два гола преку Манасиевски и Ристовски во вториот дел и дојдоа до три бода и се трети на табелата со 18 бодови. Победа и Академија Пандев ги поделија бодовите играјќи 1:1.