Унион Берлин е хит во Бундеслигата, ѝ зеде мерка и на Борусија Дортмунд

Фудбалерите на Унион Берлин ја совладаа Борусија Дортмунд со 2:0 во едно од двете дербија на 10-тото коло во Бундеслига и со тоа останаа на лидерската позиција на табелата.

Тимот од Берлин во десет натпревари освои 23 бода, а со победата над Милионерите најави дека е подготвен да ја прекине деветгодишната доминација на Баерн Минхен.

Прашањето околу победникот беше решено само по 21 минута, а улогата на херој му припадна на играчот од средниот ред, Јаник Хаберер, кој во летниот преоден рок пристигна од Фрајбург.

Хаберер во осмата минута ја искористи грешката на голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел, и го отвори резултатот.

Истиот играч 13 минути подоцна со фантастичен удар ги фрли во транс домашните навивачи.
Борусија до крајот на натпреварот се обидуваше да се врати во игра, но ниту еднаш не го загрози вистински голот на Унион Берлин. Милионерите по овој натпревар се осми на табелата со 16 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести