Аргентинскиот гигант Ривер плејт утрово загуби на свој терен со 1:2 од Росарио и пропушти шанса да се приближи само на еден бод до вечниот ривал Бока јуниорс, кој е лидер на табелата во првенството.
Освен трите гола, мечот го одбележа бизарната ситуација која се случи во финишот на дуелот. Се играа дури 15 дополнителни минути, а во 90+15 минута еден домашен играч доби директен црвен картон.
Судијата Еченике случајно со рака го „закачи“ Кинтаро, а играчот на Ривер плеј без многу размислување реши да му врати на судијата и силно го оттурна. За ваквиот потег, фудбалерот кој не успеа да сфати дека судијата ненамерно го удри, доби исклучување.