Севилја договори летно засилување, доаѓа најдобриот стрелец во ЛЕ

Севилја го договори првото засилување за следната сезона, Мунас Дабур од Ред Бул Салцбург од јуни ќе биде нов играч на Андалузијците. Израелскиот голгетер ќе се пресели за сума од 15 милиони евра, но до крајот на сезоната ќе го носи дресот на австрискиот шампион.

„Биковите“ се надеваа дека за неговите услуги ќе добијат барем 25 милиони евра, но Дабур притискаше за трансфер откако претходно истакна дека е незадоволен во Салцбург и сака да игра за клуб со поголеми амбиции. На клубот не му остана друго, па ја прифати највисоката понуда за најдобриот стрелец во Лигата на Европа за оваа сезона. За 26-годишниот напаѓач се интересираа и Валенсија и Ливерпул, но тој на крајот се одлучи за тимот на Севилја.

Севилја ќе добие квалитетен голгетер за следната сезона бидејќи Дабур во тековниот шампионат во Австрија е прв стрелец со девет погодоци, додека со шест гола е прв стрелец во второто по квалитет европско натпреварување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести