Лестер го декласира Вулверхемптон со 4:0 на гостински терен и Лисиците како да уживаат да победуваат убедливо кога ќе почнат меч во Премиер лигата од последното место.
Денеска со головите на Јури Тилеманс и на Харви Барнс во првото полувреме и на Џејмс Медисон и на Џејми Варди и буквално ги растурија Волците и тоа на нивниот стадион „Молињу“.
И пак го повторија подвигот од пред 20 дена кога исто така како фенерџии го почнаа мечот против Нотингем форест, а го декласираа и двојниот европски првак со 4:0.
Ова е прв таков подвиг на тим во 30-годишната историја на Премиер лигата, да почне два меча од последното место и на двата да победи со 4:0.
Во следното коло Лестер сигурно нема да почне како фенерџија на табелата против Манчестер сити на свој терен на 29. октомври.
4 – Leicester are the first team to win a Premier League game by 4+ goals despite starting the day bottom of the table since Leicester 20 days ago (4-0 vs Nottingham Forest). Dawn. pic.twitter.com/vjk8tWIILy
— OptaJoe (@OptaJoe) October 23, 2022