Не им се погоди денот на двата лидери од Топ-5 лигите, Арсенал во Англија и на Унион Берлин во Германија и на две гостувања освоија само еден бод.
Унион Берлин мина полошо и загуби од фенерџијата Бохум со 2:1 на гостински терен, што е големо изненадување.
Тимот од главниот град на Германија губеше од аутсајдерот, а Бохум иако го почна мечот од 11. коло како последнопласирана екипа во Бундеслигата успеа да победи и да побегне од дното.
Бохум водеше со головите на Филип Хофман и на Герит Холтман, а Унион успеа само да постигне почесен гол во 93. минута преку Милош Пантовиќ.
Србинот беше трагичар на мечот бидејќи промаши пенал во 78. минута, но како утеха е податокот што Унион Берлин остана на врвот и покрај поразот.
Лидерот остана на 23 бода по 11 кола, пред Баерн со 22, Фрајбург со 21, Ајнтрахт со 20 и Борусија Дортмунд со 19 бода.