Армстронг го приземји залетаниот Арсенал, Астон Вила се разигра и распука без Стивен Џерард (Видео)

 

Стјуарт Армстронг со првиот гол сезонава за Саутемптон го приземји лидерот Арсенал на „Сент Мери“ и успеа да му донесе голем бод на својот тим.

Играчот за врска на Светците погоди во 68. минута и израмни на 1:1 што и конечен резултат и прво реми на лидерот Арсенал во Премиер лигата.

https://twitter.com/premierbigsix/status/1584190018083430406?s=20&t=tirsyDTjZpOo1IRoJoYqNQ

 

Претходно во 11-та минута Гранит Џака постигна втор гол по ред за Арсенал и со неговиот прекрасен волеј удар во 11. минута Топчиите поведоа со 1:0.

И со реми Топчиите останаа лидери во Премиер лигата со 28 бода, два повеќе од Манчестер сити.

Астон Вила се разигра и распука на првиот меч без Стивен Џерард на клупата, а настрада Брентфорд.

Привремениот тренер на Вила, Ерин Данкс го склопи мозаикот, а домаќините блескаа и го растурија Брентфорд со 4:0.

Бејли и двапати Ингс погодија во првото полувреме за убедливи 3:0, а Оли Воткинс со четврти погодок, единствен во второто полувреме донесе убедливаи значајна победа за Астон Вила.

Александар Митровиќ го постигна деветтиот гол сезонава за Фулам, а тој разиграниот Кордова Рид и славеникот Вилијан му донесоа победа на својот тим од 3:2 против Лидс на гости. Стрелец за домаќините беа Родриго и Самервил.

Убедлива победа од 4:0 на гости против Вулверхемптон забележа Лестер и побегна од опасната зона за испаѓање.

Тилеманс, Барнс, Медисон и Варди беа немилосрдни кон Волците, па Лисиците славеа значаен триумф со кој побегнаа од последните три места што водат во понизок ранг на натпревари.

- Оглас -

Најнови вести