Интернационалецот од Брегот на Слонова Коска, Адама Самаке е еден од јунаците на 13-то коло во Првата македонска лига, откако во последен миг успеа да постигне гол за реми на Македонија Ѓ.П. против шампионот Шкупи.
Самаке погоди во 92. минута за голема радост на Лавовите од Ѓорче Петров и реми 1:1.
Претходно Сандеј Адетунџи погоди за актуелниот првак кој е во серија од 9 меча без пораз во првенството и купот, но денеска загуби два бода во последните моменти.
Струга Трим Лум е во криза и нема победа во Првата македонска фудбалска лига, а и денеска ремизираше 2:2 во Брегалница и си ја стопи предноста на врвот на само три бода без победа во последните четири кола.
Возбудливо беше во Струга каде домаќините водеа со 1:0 со голот на Укпа, но потоа Брегалница направи целосен пресврт и со головите на Ѓорѓиев и Ристевски поведе со 2:1.
Од пенал во 79. минута Струга израмни, но остана во серија од четири меча без победа, што е лош тренд за лидерот.
Второто дерби во ова 13. коло на меѓусебните дуели на четирите водечки екипи се играше во Кратово, а Силекс и Шкендија ремизираа 1:1 и се на третото, односно четвртото место со 23 бода колку што имаат тетовци, односно со 22 што е салдото на Силекс.
Работнички на гости ја победи Академија Пандев со 2:0 и го остави тимот од Струмица без триумф од август.
Тиквеш на свој терен забележа минимална победа од 1:0 против Победа.
Резултати: Струга – Брегалница 2:2, Македонија Ѓ.П. – Шкупи 1:1, Силекс – Шкендија 1:1, Академија Пандев – Работнички 0:2, Тиквеш – Победа 1:0.
Табела: Струга 26, Шкендија 23, Шкупи и Силекс по 22, Тиквеш 19, Брегалница 16, Работнички 14, Македонија Ѓ.П. 13, Победа 11, Академија Пандев 8, Скопје 5.