Перес кога ќе нареди, сè е можно – Реал ќе плати и 80 милиони евра за еквадорскиот тенк што е проценет на 25 милиони евра

Реал Мадрид е заинтересиран за неколку млади играчи на возраст до 21 година, а полека, но сигурно во преден план излезе Еквадорецот Мојсес Каиседо.

Го планираат како дел од засилувањата што треба да го заменат легендарниот среден ред на Реал во состав Модриќ, Крос и Каземиро, кој веќе си замина од Мадрид.

Каиседо има уште еден голем плус во намерата Реал да го ангажира, а тоа се симпатиите од Флорентино Перес, претседателот на гигантот од Мадрид.

Велат дека многу го цени 21-годишниот фудбалер на Брајтон и дека е подготвен да плати и 80 милиони евра, колку што бараат Галебите, иако според „Трансфермаркет“ е проценет на 25 милиони евра.

Каиседо, според Перес, но и останатите во Реал што се задолжени за проценка на квалитетот на бараните играчи и за трансфери, има големи шанси наскоро да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, дури можеби и веднаш по Мундијалот во Катар, каде што ќе игра за Еквадор.

Развојот на Каиседо будно го следат и Ливерпул, Манчестер јунајтед и Челзи, па интересна ќе биде трката за негов ангажман.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести