Тимо Вернер дефинитивно ќе го пропушти Мундијалот, за селекторот Флик тоа е голема загуба

Фудбалската репрезентација на Германија ќе биде ослабена на Светското првенство во Катар затоа што дефинитивно ќе биде без еден од најдобрите напаѓачи, Тимо Вернер. Вернер се здоби со повреда (има скинати лигаменти во глуждот на левата нога) на мечот Шахтар – Лајпциг игран синоќа и нема да може да игра до крајот на 2022 година.

Селекторот Ханси Флик изјави дека многу жали што Вернер нема да игра на Мундијалот. Вернер има 26 години и 55 настапи за Германија, на кои даде 24 гола.

„Ова е тажна вест за нас, неговото отсуство е голема загуба за тимот. Жал ми е за Тимо бидејќи тој многу сакаше да игра на СП. Му посакуваме брзо закрепнување“, изјави Флик, кој конечниот состав на германската репрезентација за СП во Катар ќе го објави на 10 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести