Поранешните премиерлигашки ѕвезди Тиери Анри, Џејми Карагем и Мика Ричардс веќе подолго време работат како стручни аналитирачи за фудбалски натпревари на Си-би-ес телевизијата, и тоа под палката на англиската новинарка Кејт Абдо, која ги остави без зборови во средата по завршувањето на натпреварите во Лигата на шампионите.
Причина за тоа е одличното познавање на неколку јазици на новинарката.
Абдо прво во живо вршеше симултан превод од француски на англиски јазик на интервјуто на Килијан Мбапе по мечот Јувентус – ПСЖ, а потоа пред камерите се појави и фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде.
Неговите зборови новинарката ги преведе од шпански на англиски и на крај го преведе и разговорот на тренерот на Лајпциг, Марко Розе, од германски на англиски јазик.
Анри и Ричардс останаа без зборови и беа импресионирани од познавањето на јазиците на новинарката, а Карагер одлучи да се пошегува со Абдо прашувајќи ја дали би знаела да го преведе јазикот што го користат навивачите на Ливерпул.
https://twitter.com/i/status/1587939890410311680