Изминатиот викенд се одигра 14-тото коло во швајцарската Суперлига во кое фудбалерите на Сервет и Лугано одиграа 2:2, а вниманието на навивачите го украде девојка која без купен билет се „прошверцува“ на стадионот.
Таа им бегаше на редарите, трчаше по сите трибини, дури се лизна низ оградата, а кога сите помислија дека се откажала, итрата навивачка направи трик и повторно му избега на обезбедувањето.
Тоа ја насмеа публиката до солзи, а фановите со силен аплауз го следеа нејзиното бегство од трибините и коментираа дека ја следат популарната компјутерска игра Пекмен во реалниот живот, а девојката во неколку наврати покажа колку е умешна и брза.
@sportbible This video just gets better and better 😂 (Jia via ViralHog) #sportbible #sports #football #soccer ♬ original sound – SPORTbible
https://www.tiktok.com/@sportbible/video/7161463197533293830