Грузискиот репрезентативец Хвича Кварацхелија нема да настапи за Наполи во дербито против Аталанта што ќе се игра утре поради повреда на грбот.
Наполи, кој е лидер на табелата во Серија А, ја потврди повредата на одличниот Кварацхелија, но не објави колку ќе отсуствува од терените.
Засега е познато дека новиот миленик на навивачите на Наполи, кои веќе го нарекоа Кварадона, нема да биде во комбинација за настап на дуелот со Аталанта.
Кварацхелија сезонава одигра 12 натпревари за Наполи во Серија А и постигна шест гола, а има и седум асистенции.