Реал Сосиедад и Бетис повторно одиграа нерешено, вечерва на „Аноета“ 2-2, па тимот од Севилја се пласира во четврт-финалето на Копа дел Реј благодарение на головите на гостински терен.
Првиот меч заврши без голови, но Бетис успеа како гостин да одигра 2-2, што според правилата, е доволно за пробив меѓу осумтте најдобри екипи во шпанскиот куп.
Серхио Каналес му донесе предност на Бетис со гол во 37-мата минута, но потоа се случи пресврт и тимот од Сан Себастијан со погодоци на Зубелдија и Мерино поведе со 2-1 и беше блиску до пласман во четврт-финалето.
Сепак, Бетис оди понатаму, а јунак е Лорен. Тој го постигна голот за израмнување и за конечен резултат 2-2 и пласман во четврт-финалето на Купот.