Претседателот на Либерија ќе оди во Катар да навива за син му, кој игра за САД!

Некогашниот славен фудбалер, а сега претседател на Либерија, Џорџ Веа, во својата играчка кариера никогаш не успеа да заигра на Светско првенство, но таа чест ќе ја има неговиот син Тимоти, кој е репрезентативец на САД.

Џорџ, кој во 1995 година беше освојувач на Златната топка и уште е единствен Африканец кој го добил ова признание, најави дека ќе оди во Катар и во живо ќе навива за син му, кој доби повик од селекторот на САД по добрите игри во Лил.

Тимоти Веа е роден во Њујорк пред 22 години, кога татко му уште беше активен фудбалер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести