Дончиќ ја крои НБА историјата, втор најбрзо стаса до 50-ти трипл-дабл (Видео+Фото)

Лука Дончиќ повторно блескаше на НБА меч, го забележа 50-от трипл-дабл во кариерата со што е вториот најбрз кошаркар во историјата на НБА лигата што ја минал педесетката в најмал број натпревари.

Ноќеска Словенецот постигна 33 поени, имаше 12 скока и 11 асистенции во победата на Далас маверикс против Денвер нагетс со 127:99.

За 50-ти трипл-дабл во најмоќната кошаркарска лига на светот на Лука му требаа 278 натпревари, само еден помалку од легендарниот Меџик Џонсон, а само зад Оскар Робертсон.

Дончиќ влезе и во Топ-10 друштвото на кошаркари што во НБА имаат 50, или повеќе трипл-дабли.

На чело на листата е Расел Вестбрук и тоа убедливо со бројка од дури 194 трипл-дабл учиноци.

Веднаш зад него е Оскар Робертсон со 181, а токму тој најбрзо стаса до 50 трипл-дабли.

На легендата од минатиот век му требаа само 111 натпревари за да ја забележи педесетката.

На индивидуален план ноќта со 11 натпревари ја одбележаа и Кевин Букер со 49 поени за Феникс санс во поразот од Јута џез на гости со 134:133, потоа и Марканен кој постигна 38 на истиот меч, но за Џезерите.

Во пораз на Чикаго булс од Орландо меџик со 107:108, дури 41 поен постигна Демар ДеРозен, а топ-партија одигра и Ентони Дејвис за Лос Анџелес лејкерс со 38 поени и 16 скока, а Шоумените го победија големиот ривал Детроит пистонс со 128:121.

Ефикасни беа и Дариуш Гарланд со 41 поен и Динован Мичел со 34 во победата на Кливленд против Шарлот со 132:122 по продолженија, а на поразената страна блескаше Кели Убре јуниор исто така со 34 поени.

Останати резултати: Вашингтон – Мајами 107:106 по продолженија, Филаделфија – Милвоки 110:102, Хјустон – Индијана 91:99, Мемфис – Оклахома 121:110, Њу Орлеанс – Бостон 109:117, Голден стејт – Њујорк 111:101. 

 

- Оглас -

Најнови вести