Барселона ја замолкна Пиреја и го врати брејкот

Кошаркарите на Барселона во Пиреја го совладаа Олимпијакос со 82:80 по продолжението од пет минути и поведоа со 2-1 во победи во четвртфиналната пресметка во Евролигата.

Херој на Барселона е Џабари Паркер кој во последната секунда од продолжението ги реализира двете слободни фрлања за триумф на Барселона која возврати за брејкот на Олимпијакос во првиот меч од серијата.

 

Претходно, Лапровитола со поените на шест секунди до крајот на мечот во регуларниот дел, обезбеди продолжение.

 

Јан Весели со 16 поени беше најдобар кај Барселона каде Саторански, Ернангомес и Паркер дадоа по 13 поени, додека во редовите на Олимпијакос, Филип Петрушев ја предводеше Милутинов со 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести