Петицијата „Нопетеги“ успеа, Милан се откажува од идејата Шпанецот да го наследи Пиоли

Навивачите на Милан успеаја во намерата, издејствуваа управата да се откаже од идејата да го ангажира Шпанецот Хулен Лопетеги за нов тренер.

Тие на интернет страницата „Milanzone“, покренаа петиција „Нопетеги“ во која повеќе од 10.000 фанови порачаа дека не го сакаат Лопетеги за нов тренер на Росонерите.
Поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Севиља, беше главен фаворит да го наследи Стефано Пиоли на клупата на Милан.

 

„Милан е голем клуб кој не заслужува да му биде тренер некој како Лопетеги. Во ниту еден случај не го сакаме на клупата на нашиот тим.

Гледајќи го неговото тренерско искуство, доаѓањето на Лопетеги може да го загрози историското наследство на Милан. За време на неговиот престој во Реал, екипата играше многу лошо и по само четири месеци доби отказ.

Сакаме да го заштитиме клубот и неговото наследство и да се избориме клубот да ангажира тренер кој е вреден на големата историја и реноме на Милан“, е пораката на навивачите на Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести