Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, има нова луда идеја, а тоа е да ѝ додели организација на Светско првенство на Северна Кореја со мотото: Фудбалот го обединува светот.
Ваква најава, што е сензационална, доаѓа од британскиот медиум „Атлетик“, а не е наведено за кој термин би бил евентуалниот ваков неверојатен потфат што го замислува Инфантино.
Северна Кореја и буквално во одредени сегменти функционира како автархија и е изолирана од остатокот на светот, па би било шокантно да добие организација на најголемиот можен фудбалски турнир на светот, а тоа е Мундијал.
Инфантино и неговите соработници трпат огромни критики и за доделување на домаќинството на СП на Катар, а турнирот од завчера веќе е во тек, а и покрај сите критики, се очекува да мине во најдобар ред, барем на фудбалски план со предвиденото финале на 18 декември во Доха.