Полската телевизија „ПЛ Паблик“ на едноставен начин со видеоматеријал ја прикажа главната тактика на селекторот Чеслав Михниевиц да се игра исклучиво на долги топки упатени кон Роберт Левандовски во првото коло против Мексико.
Мечот заврши без голови, а токму Левандовски е трагичарот на мечот со промашен пенал во 58-мата минута.
Тој беше и главната цел на голманот Шченсни и најчесто на дефанцивците на Полска, кои постојано се обидуваа да го проиграат со долги топки.
Polish tactics in a nutshell. PL Public TV (TVP Sport) made compilation of all long passes aimed at Lewandowski, from match against Mexico, spanning over 3 minutes from soccer
Тактиката беше чудна, а селекторот Михниевиц претрпе многу критики, иако резултатот за Полјаците и не е лош.
Во второто коло, Полска игра против Саудиска Арабија на 26 ноември.
Саудиска Арабија приреди сензација во првото коло со победа против првиот фаворит во групата, Аргентина, со 2:1.