Шкупи ја искина мрежата на Победа, Работнички ја доби скопската пресметка

Актуелниот шампион Шкупи ја оствари најубедливата победа во 16-то коло од Првата фудбалска лига декласирајќи ја Победа со 0:6 и тоа како гостин. Со победата, Шкупи на најдобар начин го искористи ремито на Шкендија за да им избега на тетовци три бода на табелата. Шкупи сега има 28 бода и е втор со пет бода помалку од лидерот Струга ТЛ, додека Шкендија е трета со 25.

Гол серијата во Прилеп ја отвори Хамиди уште во седмата минута, а во 14-та веќе беше 0:2 благодарение на голот на Трапаноски. Дилемите околу победникот беа решени до крајот на првиот дел откако и Џефас се запиша во листата на стрелци. Во второто полувреме, Шкупи постигна уште три гола за убедлив триумф од 0:6.

Во скопската пресметка, Работнички ја совлада Македонија ЃП со 2:0, а трите бода ги освои за само две минути. Прво Рушевиќ во 26-та минута го отвори резултатот, а само две минути подоцна Мисевски ги постигна автогол за конечни 2:0.

Шкендија пред своите гледачи одигра само 0:0 против Тиквеш кој остана на четвртото место на табелата, додека Скопје со 2:1 славеше над Академија Пандев.

Резултати: Скопје – Академија Пандев 2:1, Победа – Шкупи 0:6, Работнички – Македонија ЃП 2:0, Шкендија – Тиквеш 0:0, Силекс – Струга ТЛ 1:2.

Табела: Струга ТЛ 33, Шкупи 28, Шкендија 25, Тиквеш 23, Силекс 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија ЃП 17, Академија Пандев 12, Победа 11, Скопје 9.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести