Иранските фудбалери добија закана и ќе мора вечерва да ја пеат химната

Властите во Исламската Република Иран им се заканиле на семејствата на иранските фудбалери пред мечот со САД на Светското првенство во Катар дека доколку играчите не ја пеат химната, ќе претрпат санкции. Според пишувањата на Си-ен-ен, сите фудбалери ќе мора да ја пеат химната, во спротивно членовите на нивните семејства се заплашени со „насилство и мачење“.

Веќе неколку месеци во Иран траат протести кои започнаа по убиството на 22-годишната девојка Маша Амини, која беше приведена поради неправилно носење на хиџабот, а потоа беше и убиена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести