Ван Хал постави рекорд на Мундијалите, па тргна да држи лекции

Холандија очекувано го освои првото место во А групата на Мундијалот во Катар и се пласира во осминафиналето. Лалињата завршија со седум бода, што значи дека имаа две победи и едно реми, биланс кој беше доволен селекторот Луис ван Хал да постави нов рекорд на Светските првенства.

Ван Хал е првиот селектор во историјата на СП кој успеал 10 меча по ред да не загуби во дуел од регуларните 90 минути. Пред осум години, Ван Хал ја предводеше Холандија до полуфиналето во Бразил, каде што загуби на пенали од Аргентина. Сега во трите меча од групната фаза, Холандија немаше опасност да загуби од Сенегал, Еквадор и Катар.

По мечот со Катар, Ван Хал реши да им одржи лекции на сите оние кои го критикуваат неговиот стил на игра.

„Ако мислите дека сме досадни, дека нашиот начин на игра не е интересен, зошто тогаш едноставно не се вратите дома? Вашето мислење не е добро, ги ставате работите во негативен контекст, а воопшто не е така“, рече Ван Хал по победата над Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести