Репрезентацијата на Австралија го заврши настaпот на Мундијалот во Катар, откако синоќа беше поразена од Аргентина, во меч од осминафиналето. Кенгурите беа блиску до нерешено, но не успеаа да го изненадат фаворитот, па на крајот мораше да се задоволат со пласманот во првата нокаут фаза.
Еден од најдобрите играчи во составот на Австралија беше Џексон Ирвин кој моментно настапува во втората германска лига за тимот на Сент Паули. По поразот од Аргентина, Ирвин едноставно не можеше да го скрие разочарувањето поради поразот и да ги контролира емоциите, па заплаче додека даваше изјава.
„Кога Аргентина на ваков начин ја слави победата против Австралија, јасно е каков отпор му дадовме на фаворитот. Тешко е во овие моменти, што да се каже кога се е така свежо. Се надевам дека ве направивме да бидете горди“, рече Ирвин кој потоа ги стави рацете преку лицето и заплаче.