Италија ја нема на СП, но на Франција – Полска, осум стартери играат во Серија А!

Осминафиналниот меч помеѓу Франција и Полска кој почнува од 16 часот, со интерес ќе се следи и во Италија, затоа што на оваа средба меѓу стартерите има осум членови на италијански прволигаши.

Франција има тројца (Тео Ернандез, Рабио и Жиру) кои играат во италијанската Серија А, а Полјаците дури петмина стартери од Серија А. Тоа се Шчесни, Берешински, Кивиор, Глик и Зјелински.

На клупата на Полска седат Милик и Пјонтек, кои истотака се членови на екипи од Италија, а Рабио од Франција и голманот Шчесни од Полска, се клупски колеги од Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести