Судијата доцна забележа дека Кунде игра со златен ланец (Фото)

Францускиот дефанзивец Жил Кунде, првите 40-тина минути од дуелот со Полска ги играше со ланец околу вратот, нешто што е забрането за носење за време на фудбалски натпревари, со цел да се избегнат повреди.

Судијата задоцнето, но сепак забележа, па еден од асистентите на селекторот Дидие Дешамп мораше да му го извади накитот на Кунде.

- Оглас -

Најнови вести