Дојде време и Бразил да даде гол во прво полувреме

6886 Јапонија – Хрватска (16.00 часот)

Хрватите важат за фаворити, иако тие во осминафиналето на СП отидоа како втори во својата група, а Јапонците како победници. Јапонија ги победи Германија и Шпанија, па триумф над Хрватите не би бил сензација, но тимот кој пред четири години играше финале на СП, има квалитет за да победи. Кај Хрватска ќе го нема бекот Борна Соса, кој целосно ги одигра сите три меча во групата. Во јапонскиот тим суспендиран е Итакура. Двата тима покажаа и слабости во групната фаза, па би требало да има голови иако Хрватите двапати играа 0-0.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.15)

 

2881 Ризеспор – Пендикспор (18.00 часот)

На овој дуел од втората турска лига, домашните се благи фаворити. Тимот од Ризе тешко губи, има само еден пораз, но и дури седум ремија (најмногу во лигата) во 14 кола. Пендикспор, кој има еднаков број бодови со Ризеспор и е веднаш до него на табелата, исто така е во форма и во последните три кола освои седум бода. Ова е прв меѓусебен дуел помеѓу овие два клуба, па мотивацијата ќе биде присутна на двете страни.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

8569 Морнар – Сплит (18.00 часот)

На оваа средба од кошаркарската АБА-лига предност им даваме на домашните. По осум кола, Морнар има 3-5, а Сплит е на 2-6, па се наоѓаат во долниот дел од табелата. Сплитските Жолти двапати имаат гостувано во Бар и двапати примале по 81 поен. Голем плус за Сплит е што се засилија со Роко Лени Укиќ, тој ќе им помага до крајот на сезонава. Во редовите на Морнар е Дарон Расел, кој е прв стрелец во јадранска лига.

Предлог тип: Т1 <87.50 (1.79)

 

6849 Бразил – Јужна Кореја (20.00 часот)

Победникот од овој дуел оди на Хрватска или Јапонија, чудо би било ако има азиско четвртфинале, особено што на Бразилците им се враќа првата ѕвезда Нејмар. Проблем имаат на позицијата лев бек, повредени се Алекс Сандро и Алекс Телјес, но Бразилците се први фаворити на првенството и не би смееле да си дозволат сензационален кикс. Корејците среќно се провлекоа во нокаут-фазата, а нивен проблем е повредата на Ким од Наполи. Сите мечеви на Бразил досега на СП во Катар беа со 0-2 гола и на сите три дуели на полувреме беше резултат 0-0.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.98)

 

1322 Понферадина – Бургос (21.00 часот)

Во Шпанија се играат средби од втората лига, вечерва силите ќе ги одмерат тимовите со најдобрата и втората најслаба одбрана во Сегунда дивизија. Бургос прими само 6 гола на 17 меча и води битка за пласман во елитата, а Понферадина прими 25 гола и се бори за опстанок. Традицијата е на страна на домашните, но оваа сезона е нешто друго, Бургос тешко прима голови иако во минатото коло одигра нетипични 2-2.

Предлог тип: Х2 & 0-2 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести