Во последното коло во Првата македонска фудбалска лига од есенскиот дел, екипите беа рапсоложени за давање голови и на пет натпревари беа постигнати 18 гола.
Најефикасно беше на скопската пресметка меѓу Работнички и шампионот Шкупи каде беа постигнати шест гола, и на крајот славеа гостите со 2:4. Шкупи со двата гола на Адетунџи и автоголот на Исмаили уште во првиот дел, ги впиша трите бода. Романтичарите со два гола за осум минути намалија на 2:3, но Трапаноски ја завери победата на Шкупи кој есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место до 34 бода, три помалку од лидерот Струга ТЛ.
Есенскиот шампион Струга ТЛ во последниот меч во 2022 година одигра 1:1 на гости кај Скопје.
Македонија ЃП со 3:1 славеше на гости кај Силекс благодарение на Мишевски кој постигна хет-трик.
Брегалница испушти водство од 2:0 по првиот дел против Победа и на крајот мораше да се задоволи само до бод.
Третата победа на гостите во петте меча, ја оствари Тиквеш кој славеше со 2:0 против Академија Пандев. Головите за Тиквеш го постигнаа Ивановски и Лазаров.
Резултати: Академија Пандев – Тиквеш 0:2, Брегалница – Победа 2:2, Скопје – Струга 1:1, Работнички – Шкупи 2:4, Силекс – Македонија ЃП 1:3.
Табела: Струга ТЛ 37, Шкупи 34, Шкендија 28, Тиквеш 26, Силекс 26, Брегалница 21, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Победа 13, Академија Пандев 12, Скопје 11.