Хрватска и Аргентина ќе играат во првото полуфинале на Светското првенство во Катар, откако двете селекци на драматичен начин се изборија за пласман меѓу најдобрите четири селекции во светот. Коцкестите дадоа гол во 117 минута и се изборија за пенали во кои ги победија Бразилците со 4:2.
По завршување на дуелот, Хрватите се радуваа, но не заборавија да ги поздрават и противниците и да ги утешат во тие тешки моменти за Кариоките.
Аргентина играше против Холандија и водеше со 2:0, но Лалињата со два погодоци во финишот, од кои вториот во 90+11 минута стигна до 2:2 па мораше да се шутираат пенали. Во пенал-рулетот Гаучосите беа подобри со 4:3, а откако Лаутаро Мартинез го погоди последниот пенал, речиси сите фудбалери на Аргентина се свртеа кон противниците и со гестикулации „ги испратија“.