Ристовски стандарден во новиот триумф на Спортинг

Спортинг Лисабон со 2-1 беше подобар од Мориеренсе во 18. коло од португалската Примера лига. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовки ја доби довербата од Марсел Кајзер, па откако во минатото коло против Порто (0-0) одигра цело второ полувреме, денес беше стартер и до самиот финиш на средбата остана на теренот.

Победата ја донесоа Нани со својот осми гол сезонава кој мечот против Мориеренсе го постигна во третата минута, а одлучувачкиот погодок го постигна Бруно Фернадеш во 26-тата минута. Почесниот гол за гостите го постигна Таварес во 34-тата минута.

Спортинг по два меча без победа во португалскиот шампионат конечно запиша позитивен резултат, па со 38 бода стојат на четвртото место на табелата, со два бода заостаток за третопласираната Брага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести