Чаирчани за инцидентот со Работнички казнети со десет меча без публика и 200.000 денари

Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 наредните десет натпревари како домаќин ќе ги игра без присуство на публика. Ваква суспензија им беше изречена од комесарот Александар Милојевиќ, кој одреди и вкупна парична казна до 200.000 денари за домаќините на прекинатиот меч со Работнички.

Мечот е регистриран со службени 20-0 за Работнички, а 10.000 денари има казна и за нивниот кошаркар Ерик Нотиџ, кој почна да се кошка со домашниот кошаркар Рушити пред да биде нападнат од официјалниот фоторепортер на чаирчани.

- Оглас -

Најнови вести