Слаба е претседателската утеха за брилијантниот Килијан Мбапе (Видео)

Килијан Мбапе речиси сам ја носеше Франција на грбот во извонредното мундијалско финале против Аргентина, постигна хет-трик и потоа и уште еден гол во пенал-серијата, но Триколорите не ја одбранија титулата.

По мечот и брилијантниот Мбапе тагуваше за поразот и за пропуштената шанса по вторпат за четири години да биде светски првак, а утеха дојде од птретседателот на Франција, Емануел Макрон.

Првиот човек на Франција го тешеше Мбапе, а малку подоцна пријде и голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, за да покаже респект кон фудбалерот што му даде вкупно 4 гола во фудбалската драма што траеше долго и заврши со триумф на Аргентина.

Како втора утеха за Мбапе за загубеното финале е титулата најдобар стрелец на турнирот.

Тој ја освои Златната копачка на Мундијалот со 8 гола, пред Меси со 7 и Алварес и Жиру со по 4.

French president Macron and Argentina’s Martinez confort Mbappe after loss from soccer

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести