Искусниот холандски тренер, Луис ван Хал, изјави дека е подготвен да разгледа и да прифати евентуална понуда да стане португалски селектор.
Ван Хал на Светското првенство во Катар ја водеше својата Холандија, Лалињата беа елиминирани од Аргентина на пенали во четвртфиналето, а 71-годишнот стручњак и неговиот стручен штаб го напуштија кормилото.
Иако најавуваше дека ја завршува кариерата, Ван Хал сепак остави простор да разгледа можна понуда од Португалија, земјата во која има куќа.
„Ја завршив кариерата, но ако Португалија ми понуди да бидам нивен селектор, ќе ја разгледам понудата, само тоа можам да го кажам. Не сакам да испадне дека сам им се нудам“, вели Ван Хал.
Како кандидат за иден португалски селектор се спомнува и Жозе Мурињо.