Девет години играше за Реал Мадрид, а во Севилја доби „шут карта“ само по четири месеци

Шпанскиот фудбалски клуб Севилја реши дека во своите редови повеќе не треба да го има некогашниот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Иско. По взаемен договор, Иско го раскина договорот со Севилја и сега е слободен играч.

Искусниот 30-годишен играч за врска во Севилја дојде во август оваа година откако претходните девет години ги помина во дресот на Реал Мадрид, каде што одигра над 350 средби. Иако се работи за искусен фудбалер, Севилја само по четири месеци реши дека треба да стави крај на соработката со фудбалерот кој имаше потпишано договор до јуни 2024 година.

Според најавите, Иско можно е во јануари да замине во Англија и да потпише за екипата на Вулверхемптон, каде што тренер е Хулиен Лопетеги, со кого има работено во Севилја и во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести