Мартинес ја доби Златната ракавица, а го нема никаде во Топ-10 според бројот на одбрани

Емилијано Мартинес ја доби Златната ракавица, со која потоа направи и невиден скандал, а фудбалските експерти се поделени и дел од нив сметаат дека не ја заслужи.

Аргентинскиот голман бранеше добро во финалето против Франција и спречи пораз во 123. минута кога го одбрани ударот на Коло Муани за победа на Триколорите.

Потоа беше одличен и во пенал-серијата и еден од творците на победата на Аргентина во финалниот меч за титула.

И, ако наградата се доделува само за одбраните во тој меч, тогаш фудбалските експерти се согласуваат дека Мартинес заслужено ја добил, но Златната ракавица се доделува на најдобриот голман на целиот турнир.

Многумина сметаат дека тоа е хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, а можат да го поткрепат со фактот дека тој имаше најмногу одбрани на шампионатот, дури 25.

Зад него се Шчесни со 23 одбрани за Полска, Ноперт со 18 интервенции на голот на Холандија, Љорис кој одбрани 17 удари како голман на Франција и Вања Милинковиќ-Савиќ како последен во Топ-5 на Мундијалот со 16 успешни интервенции на голот на Србија.

Мартинес не е ниту во Топ-10, а според статистиката има само 8 одбранети удари на Мундијалот, не сметајќи ги пеналите во пенал-сериите против Холандија и Франција.

Most saves at World Cup 2022 from soccer

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести