Рускиот фудбал е пред голем предизвик и се најавува драстична промена и одлука да се напушти УЕФА и да се направи преселба во Азија.
Руската фудбалска репрезентација и клупскиот фудбал се суспендирани од УЕФА и ФИФА и за нив тоа е неодржлива ситуација.
Најавено е дека во вторник, челниците на руската фудбалска федерација ќе донесат одлука да ја напуштат УЕФА и да се преселат во Азиската фудбалска конфедерација, АФЦ.
„УЕФА и ФИФА ги суспендираа сите наши клубови и репрезентацијата и тоа е неодржлива ситуација за нас. Репрезентацијата ни беше елиминирана присолно од баражите за настап на Мудијалот во Катар, а УЕФА не ни дозволува да играме квалификации за ЕП 2024.
И клубовите се суспендирани од европските купови, што е лошо и за сегашноста, но и за иднината на рускиот фудбал.
Во Европа сите не бојкотираат и не сакат да играат фудбал со нас, а во Азија од 48 членки, дали 2-3 се непријателски настроени кон нас“, велат од руската федерација.
Претседателот Александар Дјуков најави дека е речиси сигурно дека во вторник Русија ќе отстапи од УЕФА и ќе поднесе барање за прием во АФЦ.