Зинедин Зидан не сака повеќе да чека повик од татковината, од Франција, земјата каде што е роден, за да биде селектор на Триколорите и речиси сигурно ќе ја прифати понудата на Бразилците.
Фудбалската федерација на Франција не е незадоволна од работата на Дидие Дешан и речиси сигурно ќе му го продолжи мандатот како селектор на актуелниот светски вицешамопион.
Зидан се надеваше дека неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата на Франција, но и во Јувентус ќе си замине, а тој ќе го наследи Дешан, но тоа нема да се случи.
Зизу има одлична понуда од петкратниот светски првак Бразил за да го наследи селекторот Тите.
Шансите да ја прифати пнудата се големи, а ако се случи Зидан да биде нов селектор на Кариоките, ќе биде урната една традиција и правило старо цели 57 години.
Последен странец што бил селектор на Бразил е Аргентинецот Филипо Нуњес во 1965 година, па Зидан е веројатно следниот по пауза од над пола век.