Со Барди на клупа, тешко до нова титула: Тежок пораз на Трабзонспор (Видео)

Актуелниот турски првак Трабзонспор,вечерва во Истанбул претрпе убедлив пораз од Караѓумрук од 1-4 и тоа е голем чекор назад во обидот да ја одбранат титулата.

Пред четири дена, Трабзон го победи лидерот Фенербахче и најави атак на титулата, но вечерва беа декласирани од тимот на тренерот Андреа Пирло, кој со победата се искачи на 11-тото место.

Енис Барди цел меч остана на клупата за резерви, а неговите соиграчи не се прославија. Во 58-мата минута при 2-1 за противникот, играчите на Трабзон во рок од неколку секунди имаа три шута во рамките на голот и шанси, но голманот Батухан Шен правеше чуда.

https://twitter.com/i/status/1608171635781124098

- Оглас -

Најнови вести