Двајцата големи фудбалски велемајстори Пеле и Марадона не се веќе меѓу живите, откако Аргентинецот почина во ноември 2020 година, а бразилскиот ас нè напушти денеска.
Постојано поради своите фудбалски достигнувања и големината се во најтесниот избор за најдобар фудбалер на сите времиња, но и покрај ривалитетот што го носи таквата ситуација, беа големи пријатели.
Особено интересна е видеоснимката како жонглираат со глава во телевизиско студио, а иницијатор беше помладиот Марадона.
„Секогаш сум сакал со тебе да играм фудбал. Сега ќе жонглираме“, рече Марадона.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) December 29, 2022
Откако разбра за смртта на Марадона пред две години, Пеле жалеше за својот голем пријател и се потсети на убавите моменти и дружба со него.
„Еден ден се надевам дека пак ќе се дружиме и ќе жонглираме заедно таму на небото“, беа зборовите со кои Пеле се прости од Марадона.