Фудбалскиот свет повторно е во тага, на 58 години почина Џанлука Вијали!

Фудбалот во краток период остана без уште едно свое славно име, после Синиша Михајловиќ и Пеле, почина и италијанската легенда Џанлука Вијали.

Вијали почина во Лондон на 58-годишна возраст. Тој од 2017 година наваму водеше тешка битка со ракот на панкреасот. Во 2020 се објави вест дека ја победил болеста, но лани состојбата му се влоши. Вијали се повлече од фудбалскиот свет, откако му помагаше на Роберто Манчини во репрезентацијата на Италија која го освои ЕВРО 2020.

Во богатата играчка кариера, Вијали играше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести