3618 Лацио – Емполи (Серија А, Италија, 15 часот)
Лацио има убава серија од 7 меча против Емполи на кои нема пораз, а шест од нив ги завршија победнички.
И сега лацијалите се фаворити, но имаат два порази по ред, еден од нив, последниот од Лече сосема неочекуван.
Според квалитетот не би требало да има дилеми околу победникот, но во пост-мундијалскиот период фудбалерите покажуваат и знаци на замор, па треба да се внимава.
Лацио имаше повеќе играчи од Емполи што играа на Светското првенство и веројатно подобра варијанта е да се избегне играта на конечен исход и да се типува на голови.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.96)
1307 Рајо Валјекано – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)
Рајо Валјекано и Бетис често знаат да одиграат нерешено на меѓусебните дуели, па нема да биде изненадување ако и денеска нема победник.
Столе Димитриевски и неговите соиграчи од Рајо се хит во Шпанија и немаат пораз на последните седум меча во Ла Лига.
Во таа низа ги нокаутираа Реал Мадрид и Севилја, а ремизираа со Атлетико Мадрид што се резултати за респект.
На првиот меч по паузата поради Мундијалот ремизираа на гости со Жирона во меч од Ла Лига, но и испаднаа од Копа Дел Реј со пораз од второлигашот Спортинг Хихон.
На тој меч Димитриевски не бранеше, а сега се очекува да биде на голот против цврстиот и квалитетен тим на Бетис.
Предлог тип: Х било кога (1.71)
1170 Манчестер сити – Челзи (ФА куп, Англија, 17.30 часот)
Манчестер сити со гол во второто полувреме го победи Челзи како гостин пред три дена во меч од Премиер лигата.
Сега ќе има реприза во ФА купот, а домаќин ќе биде Манчестер сити, што му дава одредена предност.
Проблем за Челзи се големиот број на повреди. Пред три дена на дуелот со денешниот ривал до 20-та минута беа заменети Стерлинг и Пулишиќ, а во меѓувреме и голманот Менди го скрши прстот на тренинг и не може да брани.
Граѓаните во ваква ситиуација имаат голема предност и со фактот дека имаат поголем ростер на квалитетни играчи.
Очекуваме сличен меч како на петти јануари, кога Сити победи со 1:0.
Предлог тип: 1X&2>1 (1.76)
3620 Сампдорија – Наполи (Серија А, Италија, 18 часот)
Сампдорија живна со многу важна победа против Сасуоло во минатото коло, а Наполи ги разочара навивачите со пораз од Интер во дербито, што им беше и прв сезонава во Серија А.
Домаќините се уште се во опасната зона, иако прекинаа серија од 4 порази со триумфот од 2:1 против Саусоло.
За нив и еден бод против лидерот во Италија ќе биде голем како планина, но Наполи не смее ниту да помисли на втор пораз по ред, ако сака да остане во пол-позиција во трката за Скудетото.
Гостите се поквалитетен тим и тоа за најмалку една класа и ќе ги освојат бодовите во Џенова.
Предлог тип: 2&1+ второ (1.74)
3621 Милан – Рома (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Стефано Пиоли има многу проблеми со повредени играчи, ги има цел тим, но мора да продолжи да го води Милан кон победи, ако Росонерите сакаат да ја одбранат титулата.
Сега разликата меѓу нив и лидерот Наполи е само пет бода што е достижно, но само ако се победува во серија.
Рома е малку подалеку и заостанува за 11 бода на шесттото место, но и Волчицата нема да се откаже, бидејќи има уште многу да се игра.
Проблем за гостите е што немаат победнички рецепт за Милан на последните пет меѓусебни дуели, а типуваме дека и овојпат нема да слават победа во меч со 1-3 гола.
Предлог тип: 1X&1-3 (1.91)