Несмасен беше стартот на Енди Робертсон, бекот на Ливерпул во дуелот со Адама Траоре од Вулверхемптон на вчерашниот меч од ФА купот во Англија, кој заврши 2:2 и ќе се преигра.
Робертсон во обид да го прескокне напаѓачот на Волците слета со копачка директно на неговото лице, а Траоре имаше голема среќа да мине без посериозна повреда.
Стартот на Робертсон се случи во финишот на мечот од ФА купот, кој заврши со резултат 2:2, па ќе се игра нов дуел, но овојпат Вулверхемптон ќе биде домаќин на својот стадион „Молињу“.