Велко Марковски се врати во РК Вардар и ќе го засили двојниот европски повеќекратен македонски шампион до крајот на сезоната.
Двете страни се договорија повторно да седнат на маса за евентуално продолжување на соработката откако ќе заврши овој циклус на натпревари.
Марковски, кој е поранешен македонски репрезентативец, е познат како одличен дефанзивец и со него Вардар ќе се обиде да изгради гранитна одбрана во трката по пехарите во домашното првенство и наципналниот куп.
Велко веќе тренира со ракометарите на Вардар кои нема да играат на Мундијалот во Полска и Шведска.
Марковски покрај за Вардар, има играно и за Металург, Зомимак М, Работнички, а играше и во странство во Загреб и Констанца. Последнава полусезона беше член на Струга.