1324 Реал Мадрид – Валенсија (Супер куп, Шпанија, 20 часот)
Реал и Валенсија по три години пауза, пак ќе играат во полуфинале на шпанскиот куп и поворно тоа ќе биде во Саудиска Арабија.
На 8 јануари во 2020 година Кралскиот клуб славеше со 3:1 против Лилјаците, а потоа на пенали победи и во финалето со Атлетико Мадрид и го крена пехарот.
Валенсија ќе се обиде да се реваншира и да игра финале, но Реал е поквалитетен и е вистински кошмар за денешниот ривал.
Валенсија има доста порази од најтрофејниот шпански клуб во завршница или финале на разни купови, а и историското прво клупско финале во Лигата на шампионите во сезоната 1999/2000 го загуби од Реал со 0:3.
И двете екипи допатуваа во Ријад со незгодни порази, Реал загуби од Вилјареал во Ла Лига, а и Валенсија беше изненадена од Кадис со пораз од 0:1, па ова е меч за рехабилитација и типуваме дека ќе има доста голови.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.92)
1105 Саутхемптон – Манчестер сити (Лига куп, Англија, 21 часот)
Манчестер сити полека, но сигурно ја крева формата за вториот дел од сезоната, а со победата против Челзи од 4:0 покажа дека има квалитет докрај да се бори за сите трофеи.
Граѓаните се во серија од шест меча без пораз во сите конкуренции. Ќе му гостуваат на тим кој има големи грижи околу опстанокот во Премиер лигата.
За Саутхемптон настапите во Лига купот не се приоритет, патем ќе играат со актуелниот англиски првак, кој е многу посилен и против него имаат низа од шест меча без победа, па исходот е речиси јасен.
Предлог тип: 2&ГГ (2.70)
1605 Троа – Марсеј (Лига 1, Франција, 21 часот)
Троа ја искористи големата криза на Стразбур и со победа од 3:2 на гости во претходното коло си ја прекина црната серија од 8 меча без триумф во Лига 1.
Победата им беше добредојдена за да се побегне од опасната зона и да се здивне малку од пристисокот.
Денеска домаќините ќе немаат императив бидејќи за нив и реми против 10-кратниот француски првак е добар резултат.
Товарот е на грбот на гостите, кои немаат поинаков избор освен да одат на победа, што ќе ги остави во игра за титулата.
Секој друг исход речиси сигурно ќе направи јаз меѓу нив и лидерот ПСЖ што ќе биде двоцифрен во бодови и реално недостижен бидејќи пред нив е и Ланс, а блиску до нив се Рен, Монако, Лоријон и Лил.
Предлог тип: 2 (1.80) Супер тип на Sport Life
1704 ПСЖ – Анже (Лига 1, Франција, 21 часот)
Пари Сен Жермен и Анже е дуел на лидерот и фенерџијата во Франција, па фаворитот се знае и сè освен убедлива победа на Светците од Париз би било изненадување.
Сепак, ПСЖ е еден од клубовите на кого најмалку му одговараше паузата поради Мундијалот во Катар.
Главните ѕвезди Меси и Мбапе играа финале еден против друг и максимално се исцрпија, а и третата ѕвезда Нејмар дојде непрепознатлив, па беше и исклучен на првиот меч по паузата.
Можно е новиот светски првак Лионел Меси да игра за првпат по Мундијалот, а со него во тимот ПСЖ е поинаква екипа.
Анже во последните неколку години претрпе тешки порази од ПСЖ, примаше и по четири, пет и шест гола, а слично сценарио им се заканува и денеска.
Предлог тип: 1&4+ (1.77)
3704 Милан – Торино (Копа Италија, 21 часот)
Точно пред две години во екот на корона-кризата Милан и Торино играа во Купот на Италија во истата фаза, во осминафиналето, но тогаш без публика и без голови, па на пенали Росонерите минаа понатаму.
Четири месеци подоцна се случи епскиот дебакл на Торино исто така без публика и на домашен терен со 0:7 против Милан, што им е еден од најтешките и највисоките порази во богатата историја.
Но, оттогаш Биковите како да излегоа од големата криза и играат солидно, а оваа сезона во првенството го победија Милан со 2:1 на свој терен.
Пехарот во Копа Италија е значаен на Чизмата и ќе нема калкулации, а типуваме ниту многу голови.
Предлог тип: 0-2 гола (1.90)