Фудбалската федерација на Полска сериозно размислува да го именува легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, за нов селектор откако се раздели со Чеслав Михнијевич.
Полска на Светското првенство што се одржа во Катар кон крајот на минатата година стигна до осминафиналето, каде што загуби од Франција, по што Федерација одлучи да ја прекине соработката со Михнијевич.
Џерард сезонава ја започна на клупата на Астон вила, но по серијата лоши резултати, беше отпуштен и на негово место дојде Унаи Емери.
Пред Астон вила, Џерард со голем успех го водеше Ренџерс, со кого успеа да ја освои титулата во шкотската Премиер лига.